fbpx

Денеска Македонија го добива своето место во НАТО, се остварува децениски државен и национален интерес

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Македонија денеска го добива своето место во НАТО. Седнуваме на своето столче, на масата во НАТО-Алијансата.

Земјите членки на НАТО денеска го потпишуваат Протоколот за пристапување на Македонија во најмоќниот безбедносен сојуз во светот.

Историски чин и историски успех за нашата земја и сите наши граѓани. По години изолација, уназадување и неизвесност, Македонија седнува на иста маса со државите од демократскиот свет.

Влегувањето на Македонија во НАТО значи гарантирана безбедност и стабилност, сигурност на нашите граници но носи и значителни економски придобивки за граѓаните, пораст на инвестициите, повеќе пари, зголемен економски раст.

Потпишувањето на Протоколот е признание за напредокот во реформскиот процес, визионерството, решителноста, успехот во меѓународната политика, решавањето на отворените прашања и градењето пријателства со соседите и целиот демократскиот свет од страна на Владата предводена од СДСМ.

Скопје, 06.02.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести