fbpx

Мицкоски и ДПМНЕ да се извинат откако ДКСК ги потопи нивните лаги за Ковачевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Уште една фабрикувана лага на ДПМНЕ за претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски падна во вода.

Државната комисија за спречување на корупцијата ги демантираше сите лаги на ДПМНЕ и нивната измислена афера „Броило“ и потврди: нема конфликт на интерес кај Ковачевски.

Со денови ДПМНЕ водеше хајка со лаги, со манипулации. Сите лажни видеа, анимации, изјави, прес конференции од белиот дворец се потврди дека се голема лага, ништо повеќе.

ДПМНЕ и Мицкоски треба да излезат и да се извинат за овие изнесени лаги.

Последни вести