Соопштение за јавност
ДПМНЕ и Мицкоски да излезат и да се извинат, откако ДСКС ги потопи нивните фабрикувани лаги и манипулации за претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.
Се потврди дека сите лажни видеа, анимации, изјави, прес конференции од белиот дворец се само голема лага, ништо повеќе.
Државната комисија за спречување на корупцијата ги демантираше сите лаги на ДПМНЕ и нивната измислена афера „Броило“ и потврди: нема конфликт на интерес кај Ковачевски.
Уште еднаш се виде дека ДПМНЕ своето дејствување го базира единствено на лажни вести, шпекулации и дезинформации.