Соопштение за јавност
Антиевропските политичари ги чека двоен пораз на изборите идната година и на претседателските и на парламентарните.
Иднината на државата е европска, друга алтернатива нема. По 17 години чекање вратата на ЕУ е отворена, поддршката од меѓународната заедница е јасна и недвосмислена.
Само Мицкоски и ДПМНЕ се против членството во ЕУ.
Граѓаните не сакаат нова изолација, економска стагнација и неизвесност, сакаат европска иднина, европски вредности, европски животен стандард.
Членството во ЕУ носи повисоки плати и пензии, пазар од 500 милиони луѓе за пласирање на македонските производи, пристап до европските фондови.
СДСМ е предводник на европскиот фронт и отворен за сите партии кои се за подобра европска иднина на државата.
Антиевропската политика на ДПМНЕ е антимакедонска и ќе биде поразена.