Изборите ќе бидат редовни, имаме ист став и во партијата и во коалицијата, претседателските и парламентарните избори треба да бидат да бидат одвоени, а за доброто на земјата може да се разговара за термините, рече потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во интервју за Алсат М Телевизија.
Во врска со коалицирањето за парламентарните избори, Битиќи рече дека СДСМ им широк коалициски капацитет, лојален е на европскиот фронт и европската идеја и отворен за сите партии кои сакаат да бидат од него.
Обединети околу европскиот фронт и европската идеја за подобра иднина на државата, додаде тој.
-Во минатото докажавме дека имаме широк коалициски капацитет и со различни партии. И последните парламентарни избори во 2020 година беа во таков дух. Сега го нарекуваме европски фронт. Сите партии што се отворени можат да се обединат или во заеднички листи или во заеднички дух за подобра, европска иднина на државата, рече потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во интервју за Алсат М Телевизија.