fbpx

Кирацовски за Свети Атанaсиј: Денешниот ден е пример за заедништво и меѓусебна почит, вредности што водат кон подобра иднина за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Александар Кирацовски, денеска беше во посета на Тетово, по повод одбележувањето на православниот верски празник во чест на светецот Атанасиј.

– Задоволство ми е што денеска, на овој верски празник сум меѓу граѓаните на Тетово. Чествувањето на овој ден, традиционално овде во Тетово ги зближува луѓето и дава пример за заедништво, пријателство, меѓусебно помагање и разбирање. Токму тие универзални, човечки вредности, нè водат напред по патот на напредокот, по патот кон подобро утре за нас и нашите деца. Нека е честит денешниот празник Свети Атанасиј, порача генералниот секретар Кирацовски.

На сите православни верници и кои го слават денешниот празник генералниот секретар Кирацовски им посака мир, здравје, среќа и благосостојба.

Скопје, 31.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести