Соопштение за јавност
Успешните економски политики, напредокот во реформите и евроинтегративниот процес ја вратија довербата во македонската економија, Македонија станува атрактивна дестинација за сериозни странски инвестиции.
Од почетокот на мандатот на Владата предводена од СДСМ во фаза на реализација се 17 нови странски инвестиции. Во Технолошко индустриските развојни зони во Скопје 1 и 2 се реализираат 12 странски инвестиции, а на други локации се реализираат дополнителни 5 инвестиции чија што вредност изнесува околу 155 милиони евра.
Во првата фаза од овие новоотврени капацитети вработуваат околу 1.100 лица, а согласно нивните бизнис планови вкупниот број на новоотворени работни места треба да изнесува над 4.300.
Со порастот на странските инвестиции, расте и извозот од индустриските зони. Во 2018 година, извозот на компаниите од индустриските зони е зголемен за 20 отсто и изнесува околу 2,4 милијарди евра.
Бројни економски показатели како растот на платите, зголемениот број на работници, намалувањето на невработеноста ја докажуваат успешноста на економските политики и реформскиот процес што го спроведува Владата предводена од СДСМ.
По влезот во НАТО и забрзувањето на интеграцијата во ЕУ, ваквите позитивни трендови дополнително ќе се интензивираат, платите ќе продолжат да растат, ќе се зголеми конкурентноста, повеќе пари ќе завршуваат во секое домаќинство.
Скопје, 30.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА