Соопштение за јавност
СДСМ со ефикасни мерки и политики создава нови и подобри можности за секој македонски земјоделец, како и инвестиции за унапредување и модернизација на земјоделското производството.
Нашата држава е лидер во искористеност на ИПАРД средствата, со 98 отсто и прва земја во регионот којашто започнува со ИПАРД 3 програмата, со што се отвораат повеќе области за поддршка, но и авансна исплата за предложените бизнис идеи.
Земјоделците ги препознаа придобивките, со поддршка, да го модернизираат своето производство, да создаваат конкурентни финални производи и да придонесат во развојот на економијата.
Резултатот се склучени над 2.300 договори во ИПАРД 2, и за 60 отсто зголемени нови, неповратни 97 милиони евра за модернизација на македонското земјоделство преку ИПАРД 3 програмата.
Изминатите години, со помош на ЕУ, се обезбедени услови за модернизација на земјоделското производство, отворање многу нови преработувачки капацитети, објекти за рурален туризам, фарми, модерни земјоделски машини, системи за наводнување, мали бизниси од рурални средини.
За успесите се зборува и деновиве, за време на билатералниот скрининг за Поглавјето 11 кое се однесува на „Земјоделство и рурален развој“, кој е дел од Кластерот 5 – „Ресурси, земјоделство и кохезија“.
СДСМ посветено и одговорно работи на остварување на поставената цел – полноправно членство во Европската Унија, затоа што тоа ќе значи пристап до единствениот европски пазар од 500 милиони жители, поголеми можности за бизнисите, повеќе странски директни инвестиции, повеќе и подобро платени работни места, подобар животен стандард и зголемена финансиска поддршка преку развојните фондови на ЕУ која е дури 11 пати поголема од поддршката која ја имаат земјите кандидати во однос на земјите членки во ЕУ.