fbpx

СДСМ ја зголеми просечната пензија за 40% во споредба со ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ во континуитет се грижи за сите граѓани, пред се за пензионерите, за да обезбеди достоен и пристоен живот за секој пензионер.

СДСМ ја зголеми просечната пензија за 40 проценти, во споредба со ДПМНЕ.

Во време на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната пензија изнесувала 13.754 денари, додека во март 2023 година просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари.

Во времето на ДПМНЕ минималната пензија беше 9.000 денари, денес е 13.200 денари.

Со воспоставената методологија за усогласување на пензиите, покачувањето на пензиите никогаш повеќе нема да зависи од нечија политичка волја, туку ќе се усогласува на секои шест месеци врз основа на растот на трошоците за живот и на просечната плата.

СДСМ како одговорна партија останува посветена на обезбедување пристојни пензионерски денови за нашите повозрасни граѓани, особено во ова време на глобална економска и енергетска криза.

Последни вести