Соопштение за јавност
Потпретседателката на СДСМ и министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во интевју за канал 5 телевизија истакна дека вработените во институциите кои се под Министерството за култура веќе ги имаат своите плати на нивните сметки и тие се покачени за 10 отсто.
Имам обврска да објаснам, бидејќи не сакам никој да биде доведен во заблуда и не сакам никој да помисли дека министерката за култура или оваа влада сака да ја ограничи примената на колективниот договор, рече Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека платите на вработените во институциите под министерстово за култура се покачени за 10 отсто, согласно стапувањето на сила на општиот Колективен договор.
Костадиновска Стојчевска појасни дека она што се јавило како забуна кај вработените институциите кои се под Министерството за култура мораше да се направи измена на нивните решенија за плата, бидејќи претходно во преговорите со репрезентативниот синдикат во областа во култура, не бил постигнат договор за потпишување на Анекс на колективниот договор како што е во другите сектори.
Во март 2024 година кога повторно ќе имаме зголемување на минималната плата бидејќи како Влада сме го поставиле тоа како цел и како определба дека минималната плата ќе продолжи да расте, тие ќе мора повторно да имаат нови решенија за плата, коишто апсолутно нема да им го минираат нивниот колективен договор потпишан во 2019 година, туку само ќе ја имаат нова плата која што ќе се пресметува по поволното право, порача потпретседателката на СДСМ и министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во интевју за канал 5 телевизија.