Прес-конференција, Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани,
Македонската борба, на револуционерите, илинденците, партизаните, учесниците во НОБ, беше борба за подобра иднина на македонската држава, на идните генерации.
Никогаш македонската борба не била за изолација, уназадување и стагнација.
Така е и денеска.
Македонската борба на денешните генерации е политичката борба за подобра, европска иднина на нашата татковина и сите наши граѓани.
Лажниот, квази патриотизам на ДПМНЕ и Левица е моментално единствена закана за подобра, европска држава.
Лажниот патриотизам носи изолација на земјата, неизвесност, економска стагнација, празни џебови и празни фрижидери за граѓаните.
Лажниот патриотизам и блокадата на европскиот пат води до нов егзодус и иселување на младите, до загрозување на македонскиот идентитет.
Затоа, антиевропската агенда е антимакедонска.
Тоа е прескапа цена која граѓаните може да ја платат. Тоа не смееме да го дозволиме и нема да го дозволиме.
Македонската борба е за интеграција и подобар животен стандард а не за изолација.
Антиеврооската агенда на ДПМНЕ и Левица ќе биде поразена со нова државничка победа, со победа на европскиот фронт на изборите следната година.
Заедно со граѓаните ќе ја обезбедиме македонската европска иднина.
Сите македонски граѓани да бидат европски граѓани, со поголеми плати, со поголем животен стандард, со европски квалитет на живот.
Да седиме на големата маса, рамо до рамо со големите европски народи и самите да одлучуваме за себе а не некој друг.
Младите да ги сочуваме во земјата. Никој повеќе да не биде принуден да зема пасоши на други земји или да ја бара својата егзистенција надвор, во туѓи земји.