Соопштение за јавност
СДСМ ги зголеми платите за работниците и пензиите, минималната плата за 100%, просечната плата за 63,5%, минималната пензија за 52.9%, имаме и рекордни странски инвестиции а со антикризните мерки го заштитивме стандардот на граѓаните, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски денеска во одговор на пратеничко прашање.
-Во однос на примањата на работниците ќе дадам само неколку споредби, минималната плата во јануари 2016 година беше 10.000 денари. Денес односно во август 2023 година минималната плата е 20.175 денари. Тоа е 100% зголемување, значи апсолутен износ 10.095 денари. 100% зголемување. 100% инфалција немало никогаш во нашата држава. Потоа просечната плата во 2016 година јануари изнесува 22.254 денари, за да во август 2023 изнесува 36.290 денари, тоа е 63,5% зголемува или апсолутно 14 136 денари. Минималната пензија во јануари 2016 година била 7.783 денари за да денес биде 11.897 денари. Тоа е 52,9% зголемување или апсолутен износ 4.114 денари. Просечната пензија во јануари 2016 година изнесувала 13.076 денари, за да денес биде 19.062 денари во апсолутен износ 6 000 денари. БДП во јануари 2016 година бил 9,7 милијарди евра, за да денес биде 13 милијарди евра кое што е 3,6% зголемување. Странските директни инвестиции кумулативно на први јануари 2016 година биле 1.4 милијарди евра. Да денес од 2016 до 2023 година кумулативно се 2.6 милијарди евра или зголемување од 78%. Заради овие бројки Светска банка со која што имав состаноци и во Њујорк и сега во Тирана веќе разговара за Северна Македонија ДПЛ аранжман со кој што ќе се овозможи буџетска поддршка и разговаравме за среднорочна 4 годишна рамка која што ќе биде во износ дупло поголем за финансирање во однос на она што го имаме во моментов, рече Ковачевски.
Според извештај на СБ Северна Македонија имаше најголем пакет на антикризни мерки во износ од 760 милиони евра во однос на сите држави од регионот со кои што се обезбеди поддршка за граѓаните и поддршка за компаниите во делот на справување со енергетската и економската криза, додаде тој.
Во однос на цените владата континуирано ја следи и менаџира состојбата и носи пакети на мерки за стабилност уште од почетокот на енергетската криза а претходно и за време на пандемијата носевме навремени економски и оправдани мерки кои што се однесуваа во одржување на ликвидноста на компаниите, носевме автономни царински мерки особено во делот на прехранбените производи но и мерки во други области кои што ги засегаат нивното работење како на пример поддршка за исплата на плати на вработените или поддршка за зголемување на плати на вработените кај нашите производни и услужни компании, потенцираше Ковачевски.
-За само една година ја преполовивме инфлацијата која што да не заборавиме минатата година достигна пик на 20% кој што беше практично просек во Европа за да денеска таа е на помалку од половина на својот износ а со оглед на мерките кои што веќе се донесени таа ќе биде на ниво до 5% во последниот месец од годината. Со замрзнувањето на цените на прехранбените основни продукти и нивно намалување преку обезбедување на гарантирана цена на производите, како и со владината одлука за допрецизирање на повластена стапка на ДДВ од 5% за најголемиот дел од основни прехранбени производи а тоа се 1.650 производи најдолга листа на 5% повластена стапка во целиот регион создадовме предуслов да ја намалиме инфлацијата на како што реков таргетирани 5% во последниот месец од годината што сметам дека е остварливо. Овие мерки имаат и социјален и економски карактер и ова се мерки со кои ги штитиме пензионерите, ранливите категории на граѓани, невработените лица, самохраните родители и сите корисници на системот на социјална помош особено работниците со пониски примања., рече Ковачевски.