fbpx

Битиќи: Ставот на СДСМ за редовни и одвоени избори е принципиелен, а за термините може да се разговара

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нашиот став за редовните избори да бидат одвоени е принципиелен, соодветно е да имаме полн мандат на Владата и полн мандат на Претседателот, а за термините може да се разговара, рече потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во Само интервју за Канал 5 Телевизија.

-Нашиот став за редовните избори да бидат одвоени е принципиелен, соодветно е да имаме полн мандат на Владата и полн мандат на Претседателот еднаш засекогаш. Ставот е одвоени избори, но спремни сме да разговараме за термините во работни групи. Отворени сме за разговори. Има доволно време, ние сме спремни и не калкулираме, ниту држиме прес конференции со пишани датуми. Несвојствено е да се има кампања за време на верски празници, на пример, сега тоа треба да го имаме предвид. Мултикултурализмот во нашата земја носи и различни моменти. , рече Битиќи.

СДСМ не го зборува сценариото за уставна криза туку опозицијата го наметнува во јавноста веројатно размислувајќи или правејќи сценарио да претседателските избори бидат неуспешни, додаде Битиќи

– Ако една политичка партија повика на бојкот тоа е реалноста, во спротивно нема зошто да бидат неуспешни изборите. Можеби тоа е едно сценарио кое се развива во одредени политички кулоари но не во СДСМ. Затоа што ние сме докажале дека се грижиме и за државата и интересот на државата а политичката битка е политичка и ние сме подготвени, рече потпретседателот Битиќи.

Последни вести