Соопштение за јавност
На половина од мандатот како локална власт во Битола, заклучокот е поразителен: ДПМНЕ и Коњановски ги изневерија битолчани.
ДПМНЕ и Коњановски ги покачија сметките за данок на имот за 300%. Го поскапеа паркингот, ги уникаа слободните 15 минути, а нови паркинг места нема! Гарантираа инвестиции и нови работни места. Нова инвестиција нема!
Срушија трафики и затворија мали бизниси од кои стотици битолски семејства егзистираа!
Коњановски гарантираше нови кружни текови, а единствениот што започна да го гради после 2 години го погреши.
Автобус не може да помине!
Гасоводот и топловодот се пред Битола, а Коњановски нема изградено една педа од топловодната и гасоводната мрежа низ градот!
Нема ново основно училиште, нема нова зграда за пожарникарите, нема нов мултифункционален спортски комплекс, нема рекреативен центар во Смолево!
Го нема ниту реконструираниот планинарски дом Копанки!
Коњановски ветуваше нов парк во нова Битола со авантуристички содржини, а цели две години му требаат за паркче четири пати помало од ветеното, а и тоа не е завршено.
Коњановски и ДПМНЕ за две години во Битола потрошија над 60 милиони евра, а резултати нема.
ДПМНЕ не ја оправда довербата од битолчани дадена на локалните избори.