Филипче за Изборниот законик: Нека ги тргнат спорните одредби, да останат само препораките на ОБСЕ/ОДИХР

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во Централниот дневник на МТВ порача дека СДСМ ќе го поддржи Изборниот законик доколку се отстранат спорните одредби што отвораат можност за изборен грабеж, а во законот останат само препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

„Тогаш ние ќе сме повторно на масата и ќе го поддржиме Изборниот законик, затоа што тогаш ќе бидат само препораките на ОБСЕ и ОДИХР и тогаш немаме проблем“, рече Филипче.

Филипче потенцираше дека СДСМ не учествува во работната група бидејќи предложените измени содржат одредби што отвораат простор за изборни манипулации.

„Во однос на Изборниот законик не седнуваме на масата, затоа што на масата е предлог кој што отвора врата за изборен грабеж. Предлог-измената на изборниот закон во себе содржи членови кои што отвораат врата за изборен грабеж во делот на гласање на дијаспората. Не е возможно да биде 100% сигурен системот за гласање електронски или преку пошта на дијаспората, затоа што тоа ќе значи крадење на гласови. Или поинакво заокружување на гласачкото ливче, освен стандардното, како што е сега, само на бројката пред името, односно партијата, затоа што и тоа, повторно, отвора врата за манипулација“, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче посочи дека СДСМ ќе го поддржи Изборниот законик доколку се отстранат спорните одредби за изборен грабеж и останат препораките на ОБСЕ и ОДИХР.

„Ние ќе сме повторно на масата и ќе го поддржиме Изборниот законик само кога ќе биде со препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Немаме проблем. Ниту за зголемување на буџетот на помалите партии, ниту пак со една изборна единица. Двата проблематични члена во тој закон се овие два. Широк консензус се постигнува тогаш кога рационално и реално ќе се согледаат сите аспекти на работите. Ние ја напуштивме тогаш масата кога на сила власта го смени Законот за Владата, односно за техничката влада. Е па зошто да седиме на масата со некој кој што не го почитува правилото дека ако некој закон се носел со консензус, така требало да продолжи. Законот за техничка пржинска влада и во 2020 година и за изборите во 2016 година е носен со консензус. Сите големи политички партии седеле на масата“, рече Филипче во гостувањето во Централниот дневник на МТВ.