fbpx

Исправена неправда кон 12.000 граѓани, решен уште еден проблем со пензии оставен од ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Владата предводена од СДСМ продолжува да ги решава проблемите настанати поради криминалните и неодговорни политики на ВМРО-ДПМНЕ.

На околу 12.000 граѓани-осигуреници од уплатените придонеси воопшто не се распределувале средства во вториот пензиски столб, иако ги исполнувале законските услови за тоа.

Со тоа директно им се скратува правото да остварат својата пензија во целост.

По откривањето на овој скандал, владата предводена од СДСМ и Министерството за труд и социјална политика презедоа мерки за решавање на проблемот и исправање на неправдата кон овие лица.

Обезбедени се 19 милиони евра со коишто на околу 12.000 граѓани ќе им бидат префрлени средствата што со години не биле уплаќани во вториот пензиски столб.

Со тоа, се исправа неправдата кон граѓаните на кои им биле скратени парите за пензиите.

Надлежните правосудни институции сега треба да го процесираат случајот и согласно законите да одредат кој се треба да понесе одговорност за овој скандал.

Владата предводена од СДСМ и сите останати институции продолжуваат со спроведување на мерките што обезбедуваат повеќе пари и поквалитетен живот за сите граѓани.

Скопје, 28.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести