fbpx

Нови исплати преку мерката Мој ДДВ, 790 милиони денари се враќаат кај граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ продолжува со мерките и политики за враќање на парите кај грѓаните.

Почна исплатата на средствата од МојДДВ за третото тромесечје од 2023 година. На сметките на речиси половина милион граѓани легнуваат вкупно 790 милиони денари.

Со проектот МојДДВ за над четири години на сметките на граѓаните се вратени безмалку 120 милиони евра.

Тоа се сериозни пари кои се директно исплатени на сметките на граѓаните и вратени во семејните буџети.

Освен дополнителниот приход за корисниците, оваа мерка има и позитивен ефект во намалувањето на сивата економија, бидејќи се повеќе граѓани бараат фискални сметки.

Од јануари 2023 година се зголеми прагот на враќање на дел од ДДВ-то изразено во фискалните сметки, од 1.800 денари за едно тромесечје, на 2.100 денари, односно 8.400 денари годишно по корисник, а може да се очекува износот за поврат преку МојДДВ да расте и понатаму.

СДСМ се грижи за граѓаните, за повеќе пари во семејните буџети, за унапредување на животниот стандард.

Последни вести