Соопштение за јавност
Општина Штип, раководена од градоначалникот Јорданов од ДПМНЕ ја тресе афера на кумско-семејна врска во јавните набавки вреднa 20.000 евра.
Кумашинот на градоначалникот е член на Управниот одбор на јавното претпријатиe Исар а таткото на кумашинката на градоначалникот го добива тендерот.
Дали е ова за Ковачки судир на интереси?
ДПМНЕ и Ковачки прво нека ја проверат кумската врска за тендери во општина Штип и нека одговорат пред јавноста.
Што се однесува до Извештајот на Европската комисија, поразително за Ковачки е што неговата ДПМНЕ е посочена со име и презиме како кочничар на европскиот пат и реформите.