fbpx

Koлева: Нема повеќе „заробена држава“ во извештаите на ЕК, ДПМНЕ се уште е кочничар на напредокот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Најлошите извештаи од Европската комисија земјава ги имаше за време на ДПМНЕ, во 2015 и 2016 година бевме оценети како „заробена држава“ тоа веќе го нема, а во Извештајот од оваа година ДПМНЕ е посочено како кочничар на напредокот на земјата и на европскиот пат, рече пратеничката на СДСМ Даниела Колева, во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

-Анализирајќи ги извештаите од последните 10-тина години, морам да нагласам дека минатата година имавме многу добар, да кажам и одличен, извештај. Имаше унапредување на секое поле, во секој кластер. За најновиот извештаен период може да забележиме дека нема ниту еден кластер во кој има назадување. Во 25 до 30 отсто во извештаите на Европската комисија во 2014 и во 2015 година има назадување. Таков извештај од 2016 година не сме виделе, посочи Колева.

За Извештајот за 2016 година Колева ги наброја заплашувањето и малтретирање на новинари, смртно заканување на новинари, широко распространети наводи за политизација и политичко мешање на органите за извршна власт и владејачките политички партии во работата на агенциите за спроведување на законот и судството и додаде дека вакви извештаи се одлика само на ДПМНЕ.

Колева додаде дека во изминатите 6 години со СДСМ е постигнато многу и тоа е јасно наведено.

Последни вести