fbpx

СДСМ гради за иднината, стартува најголемиот енергетски проект Чебрен

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Енергетските политики на СДСМ даваат резултати. Владата предводена од СДСМ спроведува стратешки инфраструктурни проекти за енергетски сигурна и стабилна иднина.

После 13 неуспешни тендери во изминатите 20 години, стартува со реализација најважниот енергетски проект во државата, хидроелектраната Чебрен, инвестиција од над 1 милијарда евра.

Новиот енергетски капацитет од 333 мегавати целосно ги задоволува потребите на над 250 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на струја.

ДПМНЕ 11 пати објавуваше тендери за реализација на Чебрен и не успеа, СДСМ направи успешна постапка со што овој проект влегува во фаза на реализација.

Со успешната постапка се заштедуваат 100 милиони евра, пари на граѓаните. Со промена на одлуката на Владата на ДПМНЕ од 2013 година, Тиквеш се внесува во заедничка компанија, 3 месеци по пуштањето со работа на ХЕЦ Чебрен.

Целата инвестиција од над 1 милијарда евра е обврска на инвеститорот, државата и граѓаните нема да потрошат ниту денар за објектот. На крај се прави акционерско друштво во кое ЕСМ има 30% сопственост.

Со овој огромен, многу значаен енергетски капацитет, се зголемува енергетската независност на нашата држава и стабилноста на енергетскиот систем, но и се намалува производството од јаглен.

Енергетските успеси на СДСМ се реалност. За нецела година за 140 % е зголемена инсталираната моќност на капацитетите од обновливи извори, ивозот на струја е пеполовен од 30 на 15% благодарение на овие инвестиции, цената на електричната енергија во време на енергетска криза е стабилна, а од 1 декември повторно стартува дневната евтина тарифа на струјата.

СДСМ има резултати што прават разлика.

Последни вести