Соопштение за јавност
Владата предводена од СДСМ обезбедува таргетирана конкретна поддршка за ранливите категории граѓани, за учениците, студентите, за пензионерите, граѓаните- корисници на социјална помош, граѓаните со посебни потреби, самохраните родители, домаќинствата со ниски приходи, земјоделците, како и поддршка на компаниите во процесот на зелена транзиција.
Новиот деветти пакет антикризни мерки, во вредност од 662 милиони евра содржи 26 мерки за социјална сигурност, за надминување на потешкотиите во услови на зголемени трошоци на живот и продолжени ефекти од енергетската криза.
Над 105 илјади ученици во основното образование и средношколците во наредните 6 месеци ќе добиваат по 1.200 денари, односно 1.800 денари месечно. Право на оваа мерка имаат семејствата со ниски примања до 50 илјади денари.
Студентите кои не учат во градот каде што се родени, 7 месеци ќе имаат право на ваучер за превоз, од 600 до 1.200 денари.
Пензионерите со пензии до 14 илјади денари, месечно ќе имаат по 3 илјади плус на своите сметки. Оние со пензија од 14.000 до 16.000 денари 2.000 денари, додека пензионерите со примања од 16.000 до 19.000 денари во следните 5 месеци, ќе имаат поддршка од 1.500 денари.
Земјоделците ќе добијат авансна исплата на субвенции.
Продолжува и мерката за субвенции на струјата, со 90% субвенционирање на цената на струјата за 611.000 домаќинства и 68.000 мали потрошувачи, како и за цената на топлинската енергија за 63.000 корисници во Скопје.
СДСМ сe грижи за сите граѓани.