Соопштение за јавност
Претседателката на форумот на жени на СДСМ и министерска за труд и социјална политика Јована Тренчевска во емисијата „Студио 10“ на телевизија 24, се осврна на деветиот пакет антикризни мерки, кој опфаќа над 440.000 граѓани, таргетиран кон социлајно ранливите категории, пензионерите со ниски пензии, ученици, студенти, коишто доаѓаат од семејства со ниски приходи, земјоделците, приватниот сектор, јавниот сектор.
Овој пакет е за граѓаните за да можеме заедно да ги поминеме овие зимски месеци со повеќе приходи во семејството, нагласи Тренчевска, додавајќи дека средствата се планирани во буџетот и програмата за антикризни мерки, а не од кредити.
Тренчевска рече дека во антикризниот пакет се предвидени 36 милиони евра за 188.000 пензионери со пониски пензии.
Пензионерите со најниски пензии до 14.000 денари, во наредните 5 месеци ќе добијат 15.000 денари на своите сметки, по 3.000 секој месец, почнувајќи од декември, тие што имаат пензии до 14.001 до 16.000 денари ќе добиваат по 2.000 денари, а оние со пензија од 16.001 до 19.000 денари по 1.500 денари, појасни Тренчевска.
Тренчевска додаде дека согласно методологијата за усогласување во март ќе има ново усогласување на пензиите, кое е независно од оваа финансиска поддршка.
Системското решение за пензионерите, покажува одличен ефект во зголемување на пензиите. Од септември 2022 година минималната пензија од 9.000 денари денес зголемена на 13.200 денари, што е просечен рат од 25%, односно 4.200 денари за година и пол, нагласи Тренчевска.
Во врска со најавите на Мицкоски за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари, Тренчевска истакна дека тоа е нереално.
ДПМНЕ е популистичка партија која ветува и не реализра, тоа се гледа низ локланите самоуправи, каде имаат градоначалници, ветувања многу – реализација нула и популистички пуштени на најјако. Да кажете дека ќе ги зголемите пензиите линерано 5.000 на сите пензионери со импликации од една милијарда и 680 милиони денари, односно 330 милиони евра е навистина нерелано, утопија. И самите пензионери не веруваат во ова, нереално ветување на Мицоски, нагласи претседателката на форумот на жени на СДСМ и министерска за труд и социјална политика Јована Тренчевска во емисијата „Студио 10“ на телевизија 24.