fbpx

Антиктизните мерки од 662 милиони евра опфаќаат 187.000 пензионери

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Новиот деветти пакет антикризни мерки, креиран од Владата предводена од СДСМ, во вредност од 662 милиони евра содржи 26 мерки за социјална сигурност, за надминување на потешкотиите во услови на зголемени трошоци на живот и продолжени ефекти од енергетската криза.

Мерките опфаќаат околу 440.000 граѓани и се таргетирани кон социјално ранливите категории, пензионерите со ниски пензии, ученици, студенти, коишто доаѓаат од семејства со ниски приходи, земјоделците, приватниот сектор, јавниот сектор.

Во антикризниот пакет се предвидени 36 милиони евра за 187.000 пензионери со пониски пензии.

Пензионерите со најниски пензии до 14.000 денари, во наредните 5 месеци ќе добијат 15.000 денари на своите сметки, по 3.000 секој месец, почнувајќи од декември, тие што имаат пензии до 14.001 до 16.000 денари ќе добиваат по 2.000 денари, а оние со пензија од 16.001 до 19.000 денари по 1.500 денари.

Методологијата за усогласување на пензиите дава одлични резултати. Од септември 2022 година минималната пензија од 9.000 денари е зголемена на 13.200 денари, што е просечен раст од 25 отсто, односно 4.200 денари.

СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани.

Последни вести