fbpx

2 години локална власт на Папазов и ДПМНЕ во Кочани, нема проекти, нема резултати

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Гоце Серафимов, претседател на ОО СДСМ Кочани

Поминаа 2 години, половина од мандатот како локална власт на Папазов и ДПМНЕ во Кочани.

Заклучокот е поразителен: ДПМНЕ ги изневери граѓаните. Нема проекти. Нема резултати.

Безброј нереализирани избори ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти во изборната програма на градоначалникот.

Каде е катната гаража, каде е новиот градски парк за изградба на старечки дом, за спортска сала да не зборуваме. Се вети и изградба на социјални објекти за лицата населени во објектот стара касарна за што парите стојат во буџетот со години.

За дел од овие проекти има и пари и проектна документација а дел се наследени од претходната власт на СДСМ на локално ниво. Од централната власт на СДСМ само за локални патишта се исплатени 4,6 милиона денари.

ДПМНЕ и Папазов ги покачија сметките за паркинг дупло, ја зголемија геотермалната енегија за 60 % и сега припремаат покачување на комуналиите !
Не се реализирани проектите од програмата за оваа година ни со 30 % , сега ја кратат за да излезе дека нешто сработиле освен кратењето на буџетот од капитални проекти за да остане за вработувања на партиски активисти , нема друго.

КЈП Водовод смени неколку дирекотри и од ликвидна фирма со позитива отиде 40 милиона во минус , се со цел да се згрижи нивното членство…
Исплатија скоро 8 милиона денари веднаш по избори и граѓаните веднаш дознаа како се водеа изборите.

Од водечка општина по проекти застана и тие што претходно се започнати …

Дали пак ке не задолжат со милиони во општината и јавнот претприатие за идни генерации да ги плакаат . Вака се сака својата држава ова е патриотизам ? Ова е грабеж добро познат на граѓаните . Да не дозволиме да се повтори ваква власт, , да не се повтори Папазов и ДПМНЕ !

Последни вести