Соопштение за јавност
Цела недела нема одговор на прашањето за средбите на Мицкоски со Палевски.
Што разговарал и договарал Мицкоски на средбите со Палевски, што крие?
Познато е дека Палевски беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ, јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица, а неговите радикалните ставови беа алатка на ДПМНЕ и нивните сателити.
Како дел од Бојкотирам заедно со ДПМНЕ и Левица беа против членството во НАТО.
Заедно беа дел и од насилните протести со гилотињи и мотолови коктели пред Собранието против Францускиот предлог.
Обидите за манипулација, поткопување на истрагата, изопачената потреба за злоупотреба на случајот со смртта на Вања и ширење паника кај граѓаните, отвораат сериозни сомнежи за целите на ДПМНЕ и Мицкоски.