fbpx

Нов скандал: Мицкоски на иста маса со уапсен за трговија со 32 килограми дрога

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

После фатениот соработник на Мицкоски од Пештани со кокаин, нов скандал.

Мицкоски седи на иста маса со лицето М.А од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога во полициска акција со која е пресечен меѓународен канал за шверц на дрога.

Акцијата на полицијата е од 3-ти декември оваа година а токму со возилото на лицето М.А со кое седи Мицкоски била превезувана дрога вредна 120.000 евра.

На фотографијата е и блискиот соработник на Мицкоски, Антонио Милошоски.

Што бараат Мицкоски и Милошоски, на иста маса со лица од подземјето, кои биле дел од меѓународен синџир за шверц на дрога?

Многу бело се насобра околу ДПМНЕ.

Пукаат скандали тоа со дрога секој ден.

Истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски беше фатен со кокаин.

Со какви луѓе е опкружен Мицкоски кажува за тоа каков е.

Последни вести