Соопштение за јавност
Засекогаш ќе остане запаметено: Мицкоски, Груевски, Бачев и Иванов работеа против граѓаните и против ЕУ и НАТО, но не успеаја!
Победи сигурната иднина наспроти темното минато.
Победи напредокот наспроти кочењето и блокадите.
Победи вистинскиот патриотизам наспроти служењето за туѓи антизападни интереси.
Граѓаните се горди на сите пратеници кои го поддржаа членството во НАТО и ЕУ со заштитен и загарантиран македонски идентитет.
Кога ќе има избори не зависи од Мицкоски, туку од приоритетите на граѓаните и државата.
А портпаролот на Бачев, Христијан Мицкоски, може да се спрема само за нов пораз на кои било избори.
Антизападниот Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поразени токму од граѓаните на следните парламентарни избори, без разлика кога тие ќе се одржат.
Граѓаните нема да дозволат нов Иванов,ниту нов Груевски.
ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на Мицкоски и Груевски ќе се соочат со пораз на претседателските избори годинава.
Скопје, 11.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА