Соопштение за јавност
Мицкоски е опкружен со радикали, лица фатени со кокаин, лица што се бават со недозволена трговија со дрога и оружје.
Јавноста го виде Мицкоски во друштво со дилер на дрога и оружје од Струга, кој неодамна е приведен, а претходно како седи на иста маса со лице од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога, вредна 120.000 евра.
Мицкоски имал средби и со осомничениот за двојното убиство што ја потресе македонската јавност Палевски, кој беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ, јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица,
ДПМНЕ стана гнездо на подземје и криминал со дрога.
Со дрога беше фатен и истакна член на ДПМНЕ, соработник на Мицкоски од Пештани.
Не е воопшто случајност што уапсени шверцери со дрога седат на иста маса со Мицкоски по кафеани. ДПМНЕ со години е едиствена партија која овозможува заштита на ваквите структури и партија каде се чувствуваат безбедно.
Радикални групи, националисти, насилници а сега и шверцери на дрога имаат очигледно влијание врз Мицкоски. Доколку ДПМНЕ дојде на власт кој ќе ја води државата? Тие се разбира.
Вакво ДПМНЕ претставува опасност по сигурноста на граѓаните.