Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски ги продолжува политиките на поделби што ги промовираше неговиот ментор Никола Груевски.
Криминалецот Груевски со години ги делеше граѓаните на патриоти и предавници. Денес неговиот пион Мицкоски граѓаните ги дели на лојални и нелојални.
Очигледно Мицкоски сака да се става во улога на судија кој ќе одлучува кој е лојален а кој е нелојален граѓанин.
На граѓаните им е доста од партиски суд кој ги делеше и етикетирше цели 11 години. Македонија ги победи поделбите и омразата и реши да се гради како едно општество за сите.
На пролет, граѓаните уште еднаш ќе го поразат концептот на поделби што го следи антинародниот Мицкоски. Граѓаните ќе изберат претседател кој ќе ги застапува нивните интереси и кој ќе ја поведе државата во светла иднина во ЕУ и НАТО.
Скопје, 09.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА