Прес конференција,
Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата
Скопје, 10.01.2019
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Антизападниот Мицкоски се приклучи на анти НАТО и анти ЕУ протестите на Јанко Бачев.
Мицкоски и Бачев се докажуваат кој е поголем противник на македонската интеграција во НАТО и ЕУ.
Антизападниот Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ и официјално се дел од маргинална група која сака да ја поткопа иднината на Македонија. Мицкоски работи против членството во НАТО и ЕУ, против врвните национални и државни интереси.
Јасно е се.
Станува збор за два различни концепти. Од една страна се Мицкоски, Бачев и раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат Македонија да биде блокирана, да нема иднината, да не биде дел од НАТО и ЕУ.
Ние, и мнозинството граѓани, сакаме Македонија да оди напред, да биде во ЕУ и НАТО.
Залудни се нервозните обиди да се спречи напредокот на нашата земја, антизападните Мицкоски и Бачев нема да ја закочат иднината, нема да ја блокираат Македонија.
Нивната антизападна агенда не поминува и тоа јасно се гледа преку слабата поддршка на антизападните протести, овде пред Собранието. Немаат поддршка дури ниту од оние пратеници кои останаа да бидат дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните и пратениците знаат, Македонија нема алтернатива освен членство во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот од Преспа.
Граѓаните ставија крај на изолацијата, поделбите и омразата.
Македонија оди напред и нема враќање назад во темното минато, колку и тоа да не му се допаѓа на антизападниот пион Мицкоски.
Македонија ќе биде дел од ЕУ и НАТО!