fbpx

Рефомираниот систем на социјална заштита во 2019 година обезбедува детски додаток за над 60.000 дечиња

Facebook
Twitter
LinkedIn

Сооштение за јавност

Во 2019 година се заокружува целосната реформа на системот за социјална заштита, градиме фер систем кој извлекува од сиромаштија и нуди повеќе услуги за граѓаните.

Во новата 2019 година преку мерките гарантиран мининален доход и семеен пакет на права, примателите на социјална помош  добиваат и до 300 отсто зголемена социјална парична помош.

Истовремено, се олеснува пристапот до надоместокот на 24 000 домаќинства кои во моментот добиваат социјална помош, а се отвора можност да бидат опфатени и дополнителни 11.000 домаќинства.

За разлика од 3.200 деца кои досега добиваа детски додаток, со новиот детски и образовен додаток опфатени ќе бидат над 60.000 деца. Ова е мерка што има за цел да извлекува од детска сиромаштија.

Обезбедуваме поголема помош и повеќе пари кај ранливите категории граѓани, градиме фер и праведно општество и обезбедуваме подобра живејачка на сите граѓани на Република Македонија.

 

Скопје, 07.01.2019                                               

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести