fbpx

Михаилоски од трибината во Крива Паланка: Повеќе за сите е и мерката грант за млади земјоделци до 10.000 евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со последниот пакет антктикризни мерки опфатени се 120.000 млади лица, ученици, студенти. Но не се само овие мерки, по иницијатива на Социјалдемократската младина досега се спроведени низа клучни проекти и мерки во интерес на младите, а повеќе за сите е и мерката грант за млади земјоделци до 10.000 евра, рече претседателот на СДММ Марко Михаилоски, на трибината „Повеќе за сите“ во Крива Паланка.

– Заедно се изборивме стапката на невработеност кај младите да опадне на историски најниско ниво, само преку Гаранција за млади вклучивме над 80.000 млади. Обезбедивме грантови за самовработување за млади лица и тоа 5.000 евра по лице или 10.000 за двајца партнери доколку основаат фирма. Обезбедивме и грантови за млад земјоделец од 10 000 евра, уште една успешна мерка. Па се до последниот пакет економски антикризни мерки вреден 662 милиони евра каде издвојуваме поддршка за ранливи, но и ваучери за средношколци и студенти. Со СДСМ младите се на сигурно и со СДСМ секој добива повеќе, рече претседателот на СДММ, Марко Михаилоски вечерва во Крива Паланка на трибината „Повеќе за сите“.

Последни вести