Соопштение за јавност
ВМРО ДПМНЕ потроши 11 години ВМРО-ДПМНЕ го игнорираше аерозагадувањето и системски го уништуваше зеленилото.
Со поскапувањето за 100 отсто на електричната енергија, со укинувањето на евтината тарифа на струјата, ВМРО-ДПМНЕ принуди илјадници домаќинства да преминат на нееколошко загревање што придонесе за зголемување на загадувањето.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски како тогашен советник за енергетика и прв човек на АД ЕЛЕМ имаат директна одговорност за енормното загадување.
Наспроти таквите погубни политики на ВМРО ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ и сите надлежни институции преку со сериозен пристап настапи го решаваат овој комплексен проблем.
Преку спроведување на низа мерки со цел заштита на животната средина и почист воздух се решава проблемот со загадувањето.
Следната година, Град Скопје набавува 40 нови електрични еколошки автобуси за градски превоз. Ќе се замени дел од стариот и нееколошки возен парк на ЈСП со нови модерни и еколошки автобуси што ќе придонесе за намалување на загадувањето што доаѓа од сообраќајот.
Општина Кисела Вода доби нов парк. Во населбата Драчево на местото на некогашната дива депонија се подига нов парк на 5000 квадратни метри кадешто се засадуваат над 200 садници.
Интензивно се работи на капиталниот проект за гасификација на државата.
Изработени се основни и идејни проекти за поставување секундарна гасоводна мрежа во неколку градови како Тетово, Охрид, Свети Николе, Прилеп, Кавадарци, а во завршна фаза е 36 километарската делница на гасоводот Неготино-Штип. Се работи и на поврзување на магистралниот гасовод од Неготино преку Кавадарци и Прилеп до Битола, во должина од 92 километри.
За гасификацијата која е врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ, во 2019 се обезбедени дури 1,1 милијарда денари повеќе отколку во 2018 година.
Владата предводена од СДСМ во здужена координирана акција со сите надлежни институции останува посветена на заложбите да стави крај на долгогодишниот проблем со загадувањето.
Скопје,29.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА