fbpx

Сите институции преземаат мерки за намалување на загадувањето – последица од неодговорниот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон животната средина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

11 години ВМРО-ДПМНЕ го игнорираше проблемот со загадувањето и свесно ги уништуваше зеленилото и животната средина.

Заради криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ се зголеми сиромаштијата. Катастрофа предизвикаа во енергетиката, заради личното богатење на поединци, укината беше евтината тарифа на струјата, а цената на електричната енергија поскапе за 100 отсто.

Стотици илјадници семејства беа приморани да преминат на загревање со нееколошки енергенси, со што загадувањето значително се зголеми.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски како прв човек на АД ЕЛЕМ диретно придонесоа за интензивирање на аерозагадувањето.

Наспроти, таквиот игнорантски однос кон граѓаните и животната средина, денес Владата предводена од СДСМ заедно со надлежните институции секојдневно спроведува мерки за решавање на долгогодишниот проблем со аерозагадувањето.

Интезивно се работи на проектот на гасификација којшто е стратешки приоритет на Владата редводена од СДСМ, проект што ќе ги намали трошоците на граѓаните и компаниите, но истовремено ќе придонесе и за намалување на загадувањето на воздухот.

Обновувањето на изгубеното зеленило и засадување на ново, поголем инспекциски надзор и контрола на големите загадувачи, детектирање на дивите депонии, набавка на нови еколошлки автобуси, поставувањето на прочистувачи на воздух во училиштата и градинките се само дел од низата мерки што секојдневно се преземаат за надминување на проблемот со загадениот воздух.

За разлика од погубните политики на ВМРО ДПМНЕ кои влијаеа на зголемување на аерозагадувањето, Владата предводена од СДСМ и надлежните институции остануваат силно посветени на решавање на овој сложен децениски проблем.

 

Скопје,25.12.2018                                       

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести