Врз основа на член 29 став 1 алинеја 25 од Статутот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Одлука за основање на постојани работни тела – комисии бр. 02-691/1 од 20.08.2014 донесена на 13-тата cедница на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање на постојани работни тела – комисии бр. 02,02,-43/1 од 06.02.2015 година донесена на 14-тата седница на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Одлука за отпочнување на постапка за избор на претседатели и членови на постојаните работни тела – комисии на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бр. 0203-448 од 13.12.2018 година донесена на седмата седница на Извршниот одбор на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, се објавува
ОТВОРЕН ПОВИК
За избор на претседатели и членови на постојаните работни тела – комисии
на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува сите заинтересирани лица да поднесат кандидатури за претседатели или членови на некое од постојаните работни тела – комисии на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Се отвораат места за следните постојани работни тела – комисии:
1. Комисија за надворешни работи;
2. Комисија за европски прашања;
3. Комисија за одбрана;
4. Комисија за внатрешни работи;
5. Комисија за правда;
6. Комисија за финансии;
7. Комисија за економија;
8. Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство;
9. Комисија за здравство;
10. Комисија за образование и наука;
11. Комисија за труд и социјална политика;
12. Комисија за локална самоуправа;
13. Комисија за култура;
14. Комисија за енергетика;
15. Комисија за транспорт и врски;
16. Комисија за животна средина и просторно планирање;
17. Комисија за информатичко општество и администрација.
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните критериуми:
• Да бидат исклучително стручни, компетентни и посветени во својата област на делување;
• Да уживаат висок кредибилитет и доверба;
• Постојано да даваат придонес во остварувањето и развојот на политиките, стандардите и квалиетот на работата и делувањето на СДСМ;
• Со својот ангажман да придонесат кон создавање на дополнителна вредност во севкупното работење и позиција на СДСМ;
• Да ги спроведуваат одлуките, актите и протоколите на СДСМ, вклучително и особено сите кои се однесуваат на системот на комисиите;
• Целосно да ги спроведуваат упатствата и инструкциите кои ќе бидат испорачувани од системот на комисии на партијата;
• Да поседуваат силно изразени комуникациски и организациски способности;
• Во целост да учествуваат и да ги исполнуваат обврските за соодветен ангажман во останатите партиски, кампањи и конкретни задачи од партијата во целина;
• Да имаат изразена способност за работа во тим;
• Да го прифатат и во целост да ги почитуваат и применуваат нормите и правилата од Кодексот на СДСМ;
• Да ги спроведуваат обврските и надлежностите кои се предвидени со посебен правилник донесен од ИО на ЦО на СДСМ, а кои се однесуваат на соодветна позиција во комисијата на СДСМ.
Заинтересираните кандидати за членови треба да достават биографија, додека кандидатите за претседатели треба да достават биографија и план за работа најдоцна до 04.01.2019 година (петок) до Претседателот на СДСМ, во седиштето на Партијата на ул. „Павел Шатев“ бр.8 Скопје.
Социјалдемократски сојуз на Македонија