Соопштение за јавност
Повеќе за сите е и мерката од новиот 9 ти пакет антикризни мерки со којашто даваме финанисиска поддршка за поголеми плати на работниците во приватните компании, со СДСМ секој работник добива повеќе, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на трибина „Повеќе за сите“ во Кичево.
Мерката значи ослободување од придонеси за работодавачите, за делот на зголемувањето на платата, а ќе треба да платат само персонален данок, објасни Лукаревска.
-СДСМ се грижи за работниците и во вреднува нивниот труд. Со мерката создаваме можност да се зголемат платите на работниците во приватниот сектор и тоа од 3.000 до 9.000 денари. Периодот е прилично широк и се однесува на 12 наредни месеци, додаде Лукаревска.
Над 2 милијарди евра вративме назад кај граѓаните само преку мерките за финансиска поддршка. Повеќе за сите е дел од нашите социјалдемократски вредности. Социјалдемократијата, во својата основа, се стреми да создаде општество каде секој поединец има еднаков пристап до права, можности, социјална заштита и економска сигурност. Овие вредности тесно се усогласуваат со принципите што ја засноваат Европската унија, потенцираше Лукаревска.
-Победа на СДСМ на претседателските избори и Влада предводена од СДСМ е двојна победа за Европска Македонија, клучна победа за да продолжи напредокот, да продолжи растот на платите, на пензиите и најважното, да ги обезбедиме идните генерации, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукравеска на трибината „Повеќе за сите“ во Кичево.