Соопштение за јавност
Со ДПМНЕ во ЕУ ниту за 100 години, потврди самиот Мицкоски пред целата македонска јавност во интервју за 360 степени.
Антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица е закана за европската иднина која мора да биде поразена.
Сакаат да ја вратат државата назад, во мрачно минато, во изолација, скарана со сите.
Со блокадите и кочењето на европскиот пат им ускратуваат на граѓаните повисок стандард, поголеми плати и пезнии, подобро образование, правда, здравство, социјала, поквалитетни јавни услуги, подобри можности за работа на комапниите, просперитет за земјоделците, шанса младите да останат да живеат во татковината.
Блокадите на ДПМНЕ ќе бидат поразени на претседателските и на парламентарните избори наредната година од европскиот фронт предводен од СДСМ.
Граѓаните немаат години за губење.