Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ
Почитувани граѓани,
Јавно, во интервју за “360 степени“ Христијан Мицкоски потврди дека неговата ДПМНЕ сака целосна блокада на евро-интегративниот процес на земјата.
Прашан за противењето на ДПМНЕ за гласањето на уставните измени и дека тоа може да значи нови 10 години блокада на пристапот кон ЕУ Мицкоски рече, цитирам:
„може да бидат и сто години“ и додаде „а можеби и никогаш да не биде“.
Признанието на Мицкоски е јасна потврда, со ДПМНЕ и Левица нема членство во ЕУ, нема напредок, нема иднина.
Антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица сакаат да ја вратат државата назад, во мрачно минато, во изолација, скарана со сите.
Кочењето на европскиот пат е на директна штета на граѓаните, на повисок стандард, поголеми плати, поголеми пезнии, подобра иднина за младите.
Тоа еднаш сме го виделе, кога 11 години бевме заглавени.
Антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица е закана за европската иднина на земјата и мора да биде поразена.
Изборите ќе бидат своевиден референдум за иднината на земјата.
Изборот е јасен, напредок и членство во ЕУ со СДСМ, изолација и стагнација со ДПМНЕ.
Граѓаните немаат нови години за губење во изолација, неизвесност и стагнација.
Со глас за проевропската коалиција предводена од СДСМ на претседателските и на парламентарните избори граѓаните избираат членство во ЕУ, повисоки плати и пензии, напредок и сигурна иднина.