fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја блокираат иднина, нема да ја вратат земјава во темното минато на изолација , Македонија оди напред

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нема поголемо урнисување на угледот на државата од 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога Македонија беше заробена држава во длабока изолација, затворена и скарана со соседите, далеку од ЕУ и НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски свесно го закочи интегративниот процес, Македонија стана изолирана држава од која побегнаа стотици илјади граѓани, пред се млади.

Денес, кога успесите на Македонија се меѓународно признаени, кога Македонија е пред полноправно членство во НАТО и почеток на преговори за членство во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски свесно работи на поткопување на интегративниот процес.

Анти НАТО и анти ЕУ Мицкоски, преку неосновани интерпелации, преку протести за одбрана на криминалот се обидуваат да го закочат реформскиот процес, да ја закочат иднината во ЕУ и НАТО.

Граѓаните се определија за економски напредок, за иднина во ЕУ и НАТО. Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја блокираат иднината, нема да го закочат членството во ЕУ и НАТО.

По години изолација, поделби, криминал и стагнација, денес, Македонија е демократска држава пријател на демократскиот свет.

Македонија и нејзините граѓани одат напред кон ЕУ и НАТО и враќање назад нема.

Скопје, 19.12.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести