fbpx

Градоначалникот Георгиевски и ДПМНЕ не преземаат ништо за загадувањето, СДСМ бара итна седница во Кисела Вода

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Елена Гиевска од ОО СДСМ Кисела Вода

Советничката група на СДСМ бара и ја повикува локалната власт на ДПМНЕ и Ѓорѓиевски да свикаат вонредна седница на Советот на општина Кисела Вода поради загадувањето.

На седницата СДСМ ќе предложи и конкретни мерки и активности кои треба да ги преземе општината во борбата против загадениот воздух.

Изминатите денови Скопје беше меѓу најзагадените градови на светот.

Додека граѓаните дишат отровен воздух, полн со ПМ10 честички, градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо. Буквално ништо.

Чекаат времето да се подобри и да го растера загадениот воздух.

Таков е случајот и со општина Кисела Вода каде локалната власт на ДПМНЕ и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски не презема ништо.

Нема нови зелени површини, нема нови дрвја.

Не се чистат депониите, не се чистат улиците, нема никакви еколошки проекти, не се инвестира во заштита на животната средина туку парите постојано се намалуваат.

Очигледно скапите часовниците се поголем приоритет.

Последни вести