Соопштение за јавност
Над 2,6 милијарди евра имаме вратено назад кај граѓаните и стопанството во изминатите неколку години, грижата за сите е темелот на нашите социјалдемократски политики, со кои создаваме подобри услови за живот за граѓаните, на секој човек, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски вечерва на трибината Повеќе за сите во Неготино.
-Досега, не се случило во историјата толку многу пари да бидат насочени директно кај граѓаните. Ние сме особено горди на тоа, затоа што така е правилно, државата постои заради својот народ! Таа грижа значи повеќе за сите, ја отсликува нашата посветеност да има повеќе за граѓаните, за стопанството, да биде подобро за сите. Затоа што ние знаеме дека секој човек, секој поединец заслужува повеќе, работиме да има повеќе, рече Ковачевски.
Дури и во време на светска и економска криза никој не беше оставен сам, успешно се справивме со сите предизвици, додаде Ковачевски
-Не дозволивме да нема струја, греење, храна, гориво. Не дозволивме економијата да застане туку обезбедивме економски раст и во тешки услови. Од опозицијата не напаѓаа, спроведуваа активна блокада во Собранието, кочеа закони, антикризни мерки ама ние работевме. Имавме јасна визија, цел и знаење. И сработевме. Заедно успеавме. Инфлацијата ја намаливме на ниво пред кризата и она што е најважно и на што сите ние сме горди е тоа што силно ги помагаме граѓаните, младите, студентите, учениците, пензионерите, ранливите, компаниите, сите. Кога беше најпотребно, државата, со мерките и политиките на СДСМ им даде поддршка кога им беше најпотребна. Тоа е одговорно, тоа е социјалдемократски, рече Ковачевски.
Со последниот, 9-ти пакет антикризни мерки, нови 662 милиони евра насочуваме кон граѓаните, потенцираше претседателот на СДСМ.
-СДСМ обезбеди силна финансиска поддршка за учениците, студентите, младите, пензионерите, ранливите, земјоделците, компаниите. Повторно има повеќе за сите, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски на денешната трибина Повеќе за сите во Неготино.