fbpx

Заради лично богатење ВМРО-ДПМНЕ свесно го уништуваше здравствениот систем, денес здравството се унапредува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Навикнато на криминал и корупција, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не знае како е да се работи во интерес на граѓаните и затоа во се гледа можности за криминал, провизии и лично богатење.

Бизнис интересите и тендер политиките што ВМРО-ДПМНЕ со години ги спроведуваше во здравството резултираа со урнисан здравствен систем, погазени права на пациентите и незадоволни лекари кои масовно го напуштаа јавното здравство.

ВМРО-ДПМНЕ треба да сфати дека заврши времето на договорени тендери, на договори во четири очи и системско уништување на здравствениот систем. Денес Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство го рехабилитираат здравствениот систем во интерес на граѓаните и лекарите.

Во таа насока е и договорот за јавно-приватно партнерство за детската кардиохиругија преку кој децата, пациетните и родителите веднаш ќе добијат подобра здравствена услуга, без да плаќаат дополнително, без нови трошоци. Со тоа, подобра услуга е ставена на располагање на оние на кои им е најпотребна.

Продолжуваат инвестициите за развој на здравствениот систем. Со Буџетот за 2019 година кој е зголемен за 300 милиони денари , докторите специјалисти добиваат зголемување на платите за 10 отсто, а останатиот медицински персонал добива повисоки плати за 5 отсто.

Се инвестира во осовременување на медицинската опрема, итната медицинска помош доби 12 нови возила, а направен е одржлив план за изградба на Клинички центар – најголема инвестиција во историјата на македонското здравство.

Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство остануваат посветени на заложбите за градење на модерен, одржлив и ефикасен здравствен систем.

Скопје, 15.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести