Соопштение за јавност
Цела деценија Скопје и Македонија беа изложени на екстремно уништување и загрозување на животната средина од страна на криминалното и расипничко ВМРО-ДПМНЕ што резултира со енормно загадување на воздухот.
За разлика од таквиот однос и црнилата на ВМРО-ДПМНЕ, денес сите институции на локално и централно ниво, предводени од Владата на СДСМ секојдневно преземаат мерки за справување со долгогодишниот проблем со аерозагадувањето.
Продолжува акцијата за обновување на уништеното зеленило во Скопје. По Карпош, Бит-пазар, Бутел и Аеродром, вчера беа засадени дрва во општина Ѓорче Петров со што продолжува акцијата за засадување на околу 3.500 висококвалитетни дрва низ сите скопски општини.
Во континуитет се спроведува акција за расчистување на дивите депонии. Во текот на вчерашниот ден беше расчистена дива депонија во општина Ѓорче Петров од каде беа исфрлени 88 кубни метри смет и отпад.
Само на територија на Град Скопје во изминатиот период беа расчистени над 350 диви депонии и ваквите акции продолжуваат.
Покрај расчистувањето на дивите депонии и обновување на зеленилото, постојано се преземаат и низа други мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.
Субвенциите за набавка на еколошки печки на пелети, поставувањето на енергетско ефикасни фасади и доделувањето на прочистувачи за воздух на училишта и градинки, започнатата постапка за набавка на 40ина еко автобуси во Скопје, засилениот процес на гасификација од наредната година се само дел од мерките што се преземени или се во најава со цел да се стави крај на деценискиот проблем со загадувањето на воздухот.
Како никогаш претходно Владата предводена од СДСМ и сите надлежни институции активно работат на решение на аерозагадувањето, со цел нивото на загадување двојно да се намали во наредните две години
Скопје, 14.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА