Прес конференција,
Диме Велковски, пратеник од СДСМ и коалицијата
Скопје, 15.12.2018
Почитувани граѓани,
Градиме по план! Сериозно инвестираме во нова патна и железничка инфраструктура!
Со најголемиот добиен грант за еден инфраструктурен проект од 68,6 милиони евра следува изградбата на втората делница од пругата кон Бугарија, важен дел од коридорот 8.
Со овие средства се кофинансира изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка во вкупна должина од 34 километри.
Во меѓувреме, веќе се надминати пречките започнува забрзана изградба на пругата Куманово – Бељаковце во должина од 31 километар.
Заокружено е финансирањето, изградбата на Коридорот 8 станува стратешки инфраструктурен проект на Владата предводена од СДСМ.
Конечно граѓаните на Македонија и Бугарија железнички ќе бида поврзани. Македонија ја засилува стратешката позиција на Балканот.
Со изградба на Коридорот 8 се создава нов железнилки транспорт што ќе придонесе кон зголемување на трговската размена, развојот на економијата и комуникацијата на граѓаните.
Дополнително, привршуваат градежните работи на пругата од Битола кон граничниот премин со Грција, Кременица.
Целосно е завршено поставувањето на шините, финишира процесот на поставување на пропратните елементи како сигнализација, електрична енергиија и паркинг.
Овозможуваме Пелагонискиот регион повторно да биде железнички поврзан со Грција и со солунското пристаниште. Освен за граѓаните на Битола и Пелагонискиот регион, оваа железница е значајна придобивка и за индустриската зона Жабени односно компаниите во неа.
Се олеснува транспортот, протокот на стоки и услуги.
Почитувани граѓани,
После 11 години застој, после деценија потрошена без да се изгради ниту еден километар железничка линија интезивно се рабноти, се инвестира во инфраструктурата и железницата.
Се градат и реконструираат патни правци низ целата држава, се градат пруги и се модернизира железничкиот сообраќај, се одвојуваат повеќе пари за гасификација, водоводни и канализациски мрежи.
Придобивките се огромни за граѓаните, но и за компаниите.
Како одговорна и државотворна партија остануваме посветени на реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, развој, повисок животен стандард и услови за квалитетен живот на сите граѓани.