Соопштение за јавност
11 години економијата во Македонија беше на колена поради криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски.
Христијан Мицкоски со години молчеше за погубните економски политики додека го советуваше неговиот ментор Груевски кој му го даде бизнисот со хидроцентралите.
Токму поради криминалното и расипничко однесување на ВМРО-ДПМНЕ економијата забележа пад од 1,3 отсто во последниот квартал од нивното владеење.
Мицкоски денеска повторно не понуди ништо конкретно, не претстави никаква идеја или програма во интерес на граѓаните, туку продолжи со лажни обвинувања, празни флоскули со кои се обидува да фрли сенка врз успесите на македонската економија.
Денес, за разлика од криминалното однесување на ВМРО-ДПМНЕ, економијата се поставува на здрави основи и се движи во вистински правец.
Растот на бруто домашниот производ од 3 отсто во третиот квартал од 2018, рекордниот износ на странски инвестиции во првото полугодие од годинава, падот на невработеноста на 20,8 отсто, растот на платите и пензиите се само дел од показателите за успешноста на економските политики.
Македонија стави крај на црнилата на ВМРО-ДПМНЕ и тргна кон економски развој, напредок и интеграција.
Мицкоски може да учи како се развива економијата, да учи што е економски раст и развој.
Скопје, 10.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА