Соопштение за јавност
На парламентарните избори победник ќе биде проевропската коалиција која ја предводи СДСМ, јас повторно ќе бидам премиер и ќе ја составам наредната проевропска Влада, вели во интервју за Цивил медиа претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачаевски.
-Тоа ќе биде Владата која ќе го обезбеди членството на Северна Македонија на Европската Унија. Тоа е моето ветување, дециден е Ковачевски.
Иницијативата на СДСМ, која по лидерската средба доби и конкретен формат односно, формална и отворена покана за формирање на широк Европски фронт кон сите политички и општествени чинители коишто го поддржуваат членството во ЕУ, е всушност продолжение на проевропската политика која ја води СДСМ и коалицијата, додава Ковачевски.
Дали тоа формално ќе значи предизборни коалиции, прерано е да се зборува, она што е важно во моментов е да се обединиме по однос на вредностите кои ги застапуваме. И затоа во овој момент, овој политички концепт кој во својата суштина е државнички концепт за иднината на земјата е исклучително важен, наведува Ковачевски во интервјуто за Цивил медиа.
Ние видовме што се случи кога ДПМНЕ ја презеде власта и после тоа следуваа 11 години изолација. Тогаш бевме заедно со Хрватска и дури и предничевме, а денеска Хрватска е членка на ЕУ, а ние сме со отпочнати преговори со ЕУ. Многу години и многу генерации изгубени. Тоа не смееме да го дозволиме да се случи пак, потенцира Ковачевски.
-Со ДПМНЕ нема иднина, нема членство во ЕУ ниту за 100 години и тоа и многу јасно го кажа Мицкоски, јавно, на телевизија. Самиот потврди дека тие немаат намера да го продолжат европскиот пат. Како што кажа тој, „може да бидат и сто години“ а “можеби и никогаш да не биде“. И затоа е јасно дека доколку ВМРО ДПМНЕ ја преземе власта, државава е осудена на изолација, иста каква што гледавме 11 години, со тоа што последиците сега ќе бидат несразмерно поголеми и на штета на граѓаните. Антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица е закана за европската иднина на земјата и мора да биде поразена. И ќе биде поразена, јас ви ветувам, вели Ковачевски во интервјуто за Цивил медиа.