Соопштение за јавност
СДСМ го продолжува растот на платите и пензиите. Од месец март следува ново покачување на минималната плата, на 22.500 денари.
Во изминативе 6 години, СДСМ ја зголеми минималната плата за 4 пати.
За само неколку години СДСМ ја зголеми минималната плата за над 100% во споредба со времето на ДПМНЕ.
Со праведни и успешни економски политики СДСМ успеа просечната плата да ја покачи на 39.000 денари, за разлика од времето на ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 22 илјади денари.
Денес, просечната плата е за 300 евра повисока во однос на 2016 година.
Воведовме законски решенија, коишто во себе содржат методологија за раст врз основа на зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата.
Со СДСМ платите и пензиите ќе продолжат да растат.