Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Паралелно со постапката за избор на кандидат за Претседател на државата, СДСМ ја започна постапката и за утврдување на кандидати за пратеници во македонското Собрание.
Тече евидентирањето кандидати за пратеници во рамки на месните одбори во општинските организации на СДСМ.
Потоа постапката продолжува на ниво на локалните раководства, Извршниот одбор, Централниот одбор на СДСМ и секако највисокото тело а тоа е Конгресот.
Отворен е и јавен повик за самокандидирање на кандидати за пратеници. СДСМ отвора можност за луѓе кои не се дел од партијата но ги делат социјалдемократските вредности.
Сите документи се достапни на интеренет страницата на СДСМ.
На овој начин, во една демократска и транспарентна постапка СДСМ ги избира најдобрите кандидати за пратеници во шесте изборни единици.
Сите кандидати на СДСМ мора да ги исполнуваат највисоките критериуми, да уживаат висок углед и кредибилитет меѓу граѓаните, да ја има поддршката од сите етнички заедници.
Мора да се обврзат на неуморна работа за граѓаните и европската иднина на државата и да го почитуваат Етичкиот кодекс на СДСМ.
Пратениците се избраници на народот, претставници на граѓаните но и чувари на демократијата.
Во изминатите 4 години се покажа колку е важна улогата на пратениците во македонското Собрание.
Иако имаше три глобални кризи, со посветеност, одговорност и во интерес на граѓаните се донесоа исклучително важни одлуки, закони и нормативи кои беа клучни за успешно справување со сите последици.
Исто така, изминатите 4 години ја покажаа и разликата помеѓу одговорноста на пратениците од СДСМ и мнозинството од една и деструкцијата на опозициските ДПМНЕ и Левица од друга страна.
Пратениците од мнозинството предводено од СДСМ работеа за граѓаните, носеа закони за финансиска поддршка вредна 2,6 милиони евра, за поголеми плати, пензии, намалување на давачките за народот, но и одлуки со кои се овозможи почеток на преговори со ЕУ со заштитен македонски идентитет.
Од друга страна ДПМНЕ и Левица спроведуваа активна блокада и наместо за граѓаните делуваа против интересот на државата. Дури ја блокираа и европската иднина на земјата и реформите на европскиот пат, што беше нотирано и во Извештајот на Европската комисија.
Тие два концепти сега повторно ќе се судрат на изборите оваа година и СДСМ ќе ги има победничките листи за пратеници со кои ќе ја побара довербата од граѓани.
Со победа на изборите, СДСМ повторно ќе го предводи парламентарното мнозинството во Собранието, заедно ќе ја формираме иднината проевропска Влада и заедно ќе ја внесеме земјата во ЕУ во новиот мандат.