fbpx

ДПМНЕ или е очајно или сакаат да ја загрозат постапката, Лукаревска јавно објави дека е постапено и најави детали за јавноста

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ДПМНЕ е или толку очајно или сакаат да ја загрозат постапката која што е во тек а ја спроведуваат надлежни институции по налог на УЈП.

Дека постои мрежа на нафтени компании кои сакале да го изиграат системот и да испумпаат пари од буџетот заменик претседателката на СДСМ и директорка на УЈП јавно соопшти, најавувајќи детали за в понеделник. Случајот е откриен токму од УЈП, целата постапка на разоткривање и процедура за расчистување е веќе завршена и јавноста ќе биде запознаена со сите информации.

Предвремено изнесување паушални, неточни и непроверени работи како што прави ДПМНЕ ја загрозува постапката и опозициската партија треба да престане со дезинформации да прави штета.

Сите инволвирани во овој случај ќе сносат одговорност согласно законите. ДПМНЕ треба да одговори за испупувањето на парите кои нивните градоначалници ги првата низ општините, каде за машини кои вредат 2-3 илјади евра се трошат по 50 илјади евра.

Последни вести