Соопштение за јавност
Лицемерното ВМРО ДПМНЕ продолжува со своето секојдневно креирање непсотоечки случаи, при тоа, потценувајќи ја меморијата и интелигенцијата на јавноста.
11 години цветаше масовната партизација на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, додека квалитетните кадри заминуваа надвор од државата неможејќи да најдат место во сопоствената држава и во и општествениот систем кој не им нудеше никаква опција и беше граден врз основа на партиски цели и корист.
Мрежите црните тефтери и списоци и масовното вработување партиски членови и приврзаници е симбол на 11 годишното криминално владеење на ВМРО ДПМНЕ.
Денес, владата предводена од СДСМ, преку започнатиот процес на реформи и професионализација на администрацијата, гради институции кои што работат професионално, независно и единствено во интерес на граѓаните.
Сите процеси на вработувања се одвиваат транспарентно, според јасно утврдени законски услови и за сите лица важат еднакви критериуми.
На антинародната ВМРО ДПМНЕ не и јасно како може еден општествен систем да функционира транспарентно и со еднакви можности за сите граѓани, и затоа секојдневно шири лажни вести и измислува непостоечки случаи.